Monday, February 21, 2011

Strumicki karneval

Znaci karnevalot e ZAKOOOON najbolje :))

BEZBEDNOST NA DECATA NA INTERNET




Интернет мрежата е место на кое може да се најдат навистина корисни и драгоцени информации и факти, но во исто време и многу невистини и дезинформации. Ако нешто се наоѓа на интернет, не значи дека тоа е апсолутно вистинито и точно! Ова се должи на фактот што секој има пристап до онлајн содржините на овој или оној начин и може да пишува буквално што сака! Тоа е нешто што е многу тешко, дури би рекле невозможно во целост да се контролира.

Како тогаш да знаеме на што да веруваме а на што не? Како да се заштитиме од погрешни информации?

Eve nekolku pravila do koi treba da se pridr`uvate koga ste na internet:

Правило 1
НИКОГАШ не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.

Правило 2
НИКОГАШ и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.

Правило 3
НИКОГАШ не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители или пак со некој друг возрасен во кој имаш доверба и сретнете се на јавно место.
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш - договорете ја средбата на јавно место.



Правило 4
НИКОГАШ не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Игнорирај ги овие пораки и прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш  кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба.


ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,

Повеќето деца мислат дека знаат сé кога станува збор за интернетот и мобилните телефони, па да се држи чекор со нивното користење на технологијата е навистина голем предизвик.

Тешко е да се води сметка за сé што прават децата додека се онлајн, за сето она што го објавуваат на веб-сајтовите, со кого разговараат преку интернет и што „симнуваат“ од интернет. Но, запомнете – тие можеби се многу поупатени во технологијата од вас, но вие сте сигурно многу поупатени во животот од нив. И покрај тоа што вашите деца можеби се посамоуверени од вас кога е во прашање користењето интернет, вие сепак треба активно да се вклучите во нивните онлајн активности, да ги советувате и да им пружите поддршка.
 

 10 нешта на кои можете да ги подучите вашите деца за да си ја подобрат безбедноста на интернет!

Пред да му дозволите на вашето дете да се приклучи на интернет без ваш надзор, утврдете листа со правила во однос на кои сите дома
 ќе се согласите. Ако не сте сигурни од каде треба да започнете, еве неколку идеи за тоа што треба да разговарате со вашите деца во врска со тоа како да го користат интернетот побезбедно.

1. Охрабрете ги вашите деца да зборуваат со вас за своето искуство на интернет. Уживајте во интернетот заедно со вашите деца.

2. Учете ги вашите деца да им веруваат на сопствените инстинкти. Ако се чувствуваат непријатно поради нешто што виделе на интернет – треба да ви кажат за тоа.

3. Ако вашето дете посетува чет-соби (онлајн „соби“ за разговор преку интернет), користи инстант пораки (MSN Messenger, Yahoo! Messenger, Skype, GoogleTalk, ICQ итн.), игра онлајн видео игри или практикува други активности на интернет кои бараат користење на корисничко име и лозинка за да се идентификува како корисник на таа услуга, помогнете му да одбере корисничко име и погрижете се да не открие некој личен податок создавајќи го.

4. Инсистирајте вашите деца никогаш да не ги кажуваат домашната адреса, телефонскиот број, или која било друга лична информација како на пример каде одат на училиште или каде обично играат со другарчињата (или каде излегуваат, ако се тинејџери).

5. Подучете ги дека разликите меѓу она што е во ред и она што не е, се исти на интернет како и во „реалниот“ живот.
6. Покажете им на вашите деца како да ги почитуваат другите луѓе кои ги среќаваат онлајн. Уверете се дека вашите деца разбираат дека правилата за добро однесување не се менуваат само затоа што се на компјутер и зошто комуникацијата се одвива преку интернет.

7. Инсистирајте вашите деца да ја почитуваат туѓата сопственост и на интернет. Објаснете им дека недозволеното правење копии од нечија работа која е објавена на интернет (музика, филмови, видео игри и други програми) е исто како да крадат од продавница.

8. Кажете им дека никогаш не треба да се среќаваат во живо со лица кои ги запознале преку интернет. Објаснете им дека онлајн пријателите може да не се такви какви што се претствауваат на интернет.

9. Подучете ги вашите деца дека не сè што ќе видат или прочитаат на интернет е вистина. Охрабрете ги да ве прашаат ако не се сигурни.

10. Контролирајте ги онлајн активностите на вашето дете со користење на напреден интернет софтвер. Тие софтвери можат да ви помогнат да ги филтрирате штетните содржини, да ги проверувате сајтовите кои ги посетува вашето дете и да дознаете што прават тие кога се онлајн.


 ПОЧИТУВАНИ НАСТАВНИЦИ,
Покрај родителите, и вие како наставници треба да се грижите за безбедноста на вашите ученици додека се на интернет. Бидејќи повеќето училишта имаат безбедносни системи кои до некаде ги блокираат несоодветните и штетните содржини од интернет да не допрат до компјутерите во училиштето, ваша примарна грижа треба да биде надгледување на активностите на децата додека користат интернет во училиште и создавање позитивни навики за користење на интернетот. На тој начин не само што ќе им помогнете на децата да бидат безбедни онлајн додека се на училиште, туку ќе придонесете да научат правилно да го користат интернетот и да бидат безбедни и кога не ги надгледувате директно. Сепак, децата користат интернет и дома, во интернет клубови, кај другарчињата итн. Затоа, од витално значење е безбедното користење на интернет во сите услови.

Monday, February 7, 2011

Biography

I'm Nutella and I'm funny boy with who everybody is smileing.I'm 13 years old and Exelent student too...

Nutella

Nutella is very tasty cream and popular too.The first jar of Nutella left the Ferrero factory in Alba on 20 April 1964. The product was an instant success and remains widely popular. The estimated Italian production of Nutella averages 179,000 tons per year.